fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Увозот ги убива: Хрватските земјоделци фрлија тони зеленчук

„Купувачите се согласија да го затворат откупот. Цената беше прениска и додека беше отворен откупот ни плаќаа 20 центи за килограм, а дневните трошоци ни се повисоки од тоа. Имаше и многу увезена стока од Србија и Албанија“, вели Марин Ведриш.

Земјоделците од Подравина изминативе денови фрлија тони зеленчук бидејќи откупувачите сред сезона престанаа да откупуваат. Предупредуваат на прекумерен увоз од земјите од Европската Унија и регионот, што им создава нелојална конкуренција.

Семејството Ведриш од подравинскиот град Стари Градац кај Питомача фрлило повеќе од десет тони пиперки и краставици, открива репортерот на ХТВ, Сани Лукиќ. „Купувачите се согласија да го затворат откупот. Цената беше прениска и додека беше отворен откупот ни плаќаа 20 центи за килограм, а дневните трошоци ни се повисоки од тоа. Имаше и многу увезена стока од Србија и Албанија“, вели Марин Ведриш.

Иван Почепан, млад агроном од Роговец, бил принуден да фрли дел од пиперките што ги одгледувал. „Пазарот е неорганизиран, неконтролиран, по таа цена не ми вреди да ја пакувам робата. Поевтино ми е да го фрлам зеленчукот… Тажно е затоа што се инвестира во пластеници, во технологија, се жали Почепан. „Купувачите работат на некакви договори, но тие важат само додека робата оди. Кога не ти оди, се снаоѓаш сам. Исто е и со пиперките и краставиците“, вели тој, пренесува ХТВ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close