fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Во Собранието ќе биде „жешко“ – стартува расправата за ребалансот на буџетот

Понизок раст, повисок дефицит, зголемено задолжување.

Понизок раст, повисок дефицит, зголемено задолжување. Ова накусо се контурите на прекроената државна каса со која Владата планира да ги истурка преостанатите пет месеци од 2024 година, анализира Дојче Веле https://www.dw.com/mk/

Еден месец откако стапи на функција, власта влегува во реализација на планот кој тврди дека е неминовен за да се спаси што може да се спаси од состојбата на клиничка смрт во која ја затекнала економијата. Се кратело и прераспределувало секаде каде што имало простор за да се обезбедат средства за покривање на трошоците и обврските за клучните потреби на граѓаните и стопанството:

„Овој ребаланс на буџет беше за да ги затвориме сите отворени проблеми коишто можат да направат дополнителни штети на Буџетот“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Со ребалансот државата годинава планира да потроши рекордни 5,89 милијарди евра, или 300 милиони евра повеќе од постојниот буџет. Дефицитот се зголемува на 720 милиони евра од постојните 585 милиони. Зголемени се и приходите за дополнителни 130 милиони евра и сето ова при надолна ревизија на економскиот раст за годинава, од 3,4 на 2,1 отсто од бруто домашниот производ. Се обезбедуваат пари за повисоки пензии, за исплата на плати, тековни трошоци и инвестиции.

Платите на „стенд бај“

Сепак она што боде очи е што за прв пат по неколку години нема предвидено пари за зголемување на платите во администрацијата, колективните договори се на „стенд бај“, а нема ништо конкретно ниту во делот на минималната плата и барањата за нејзино натамошно зголемување.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close