fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонија

Пожарот во Светиниколско направи голема штета на имотите – сѐ уште гори во селата Малино, Немањици, Орел и Ерџелија

Вечерва директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека пожар се движи и кон градот Свети Николе, како и дека се надева дека пожарот ќе го пресечат доволно далеку од градот, со цел истиот да не дојде до објектите што се дел од предградието

Пожарите што во текот на денот го зафатија Светиниколскиот регион направија голема штета на имотите на жителите. Ова вечерва на неговиот фејсбук-прифил го соопшти градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев, кој додаде дека пожари има во атар на селата Орел, Немањици, Малино, Ерџелија, Делисенци и други места.

„Во гасењето учестваа пожарникарите од Свети Николе, Велес, Штип, Неготино, Кавадарци, АРМ, хеликоптери и многу доброволци кои несебично цел ден гасеа пожари. За тоа од срце им заблагодарувам. Борбата ќе продолжи и во текот на ноќта“,

вели тој.

 

Апелира до неговите сограѓани да не коментираат без потреба и да не дозволат непотребно да им се потцени работатата на тие што цел ден гинат на терен.

Вечерва директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека пожар се движи и кон градот Свети Николе, како и дека се надева дека пожарот ќе го пресечат доволно далеку од градот, со цел истиот да не дојде до објектите што се дел од предградието.

Според ЦУК, на територијата на државата денеска има вкупно 42 пожари на отворено, од кои 17 се активни, а четири се под контрола.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close