fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сточарите во паника и очај – Сопственичката на трлото не сакаше да го остави стадото

Пожарите во светиниколско ставени под контрола, изгореле околу 40 куќи

Околу четириесетина куќи пеплосаа пожарите во светиниколските села Малино, Немањица и Орел. Дел од нив се стари, но има и такви во кои се уште се живее.  Потресни сведовштва за очајни сопственици кои не сакале да ги напуштат домовите и стоката раскажуваат мештаните на Немањица, кадешто борбата со пламените јазици беше најопасна…

Видео на Алфа тв

“Овде подолу сопственичката на трлото влезе внатре, не сакаше да го остави стадото. Едвај ја извлековме. Друг пример се и двајцата соседи. Не сакаа да излезат од куќата, па едвај со полиција ги извлековме„ раскажува жител на  селото Немањица.

Ноќеска драматично беше и во селата Ерџелија и Мустафино, каде пламените јазици беа на само еден километар од првите куќи. Пожарникари, вработени во јавните претпријатија со помош на местното население за да ги заштитат селата , цела ноќ со механизација правеле  обрачи околу нив. За среќа огнот не успеал да ја пробие земјената барикада. И денеска ветрот и е сојузник на огнената стихија, па затоа од ЦУК апелираат да се престане со палења на стрништа, а граѓаните да бидат крајно внимателни.

„Сувата вегетација, високите температури ќе допринесат за појава на нови пожари. Апелирам до сите земјоделци да престанат со палење на стрништата. Палењето на стрништа треба да го посматрат како обид за убиство, затоа што пожарот од тоа стрниште може да навлезе во блиската трева, оттаму во блиската шума, блиското село и да убие некој човек„ изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close