fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Во трговскиот центар „БЛИС“ во Битола гореше и изгоре само надворешната изолација

Пожарот избувнал кај 18 часот денеска и на терен интервенирале со 5 пожарникарски возила и со 25 пожарникари по што огнот е ставен под контрола околу 19 часот и 30 минути, но на местото на пожарот оставени се екипи да контролираат се до 23 и 30 минути. 

Во пожарот во трговскиот комплекс „БЛИС“ во Битола, гореше и изгоре само надворешната изолација, не доволивме да се прошири огнот внатре, вели вечерва во изјава за Зелена берза.мк Горан Димкоски командир на Противпожарната единица од Битола. Според него пожарот избувнал кај 18 часот денеска и на терен интервенирале со 5 пожарникарски возила и со 25 пожарникари по што огнот е ставен под контрола околу 19 часот и 30 минути, но на местото на пожарот оставени се екипи да контролираат се до 23 и 30 минути.

-Запалена е изолацијата на едната страна од објектот, но не дозволивме да се прошири на другите делови од комплексот ниту во вантрешноста.  Помош имавме од работници кои беа на самото место ни помогнаа со механизација како и едно возило од РЕК „Битола, вели командирот на ТППЕ Горан Димкоски.

Причините за пожарот не се познати. А интервенцијата за пожарникарите беше тешка. Материјалната штета допрва ќе се проценува.

А.Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close