fbpx
Агро бизнисБез категоријаВиноВкусот на традицијатаМакедонијаТоп вести

Цените на грозјето за само половина денар повисоки од лани

Ова според претставниците на лозарите повеќе личи на грабеж на маката на лозарите отколку на подготовки за откуп на грозјето.

Откупувачите на грозје почнаа со објавување на цените по кои ќе се откупува родот годинава.

Според лозарите неприфатливо е винариите да вршат откуп на грозје со цени кои се на ниво на ланските односно двете најзастапни сорти на грозје, вранецот и смедервката кои лани се откупуваа по 18, 5 за вранецот и 16 за смедерваката годинава според објавените цени се планира да се откупат со зголемување од половина денар односно по 19 и 16 и пол денари. Ова според претставниците на лозарите повеќе личи на грабеж на маката на лозарите отколку на подготовки за откуп на грозјето.

Можно е да е слика од одрезок од билет, нацрт и текст

Фото Национална земјоделска мрежа

Од Министерството за земјоделство информираат дека во текот на следната недела се очекува јавно да биде објавена производната цена за двете најзастапени сорти на грозје која годинава ја изработува земјоделскиот институ од скопје. Заради топлото време бербите на вранецот годинава се очекува да почнат по 20 август што не остава многу време за преговори. Годинава се очекува род од 90 милиони колограми на винско грозје.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close