Во Скопје отворен хуманитарен пункт за настраданите семејства од пожарите во Источна Македонија
На овој пункт граѓаните ќе можат да однесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства.
Хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија во државата е отворен денеска во Скопје.
На овој пункт граѓаните ќе можат да однесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства.
Акцијата е во координација на коалицијата предводена од „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерација на Синдикалните организации на Македонија КСОМ и ИПО Интернационална Полициска Организација.
Хуманитарната акција ќе трае неколку дена, а граѓаните ќе можат да донираат и врати и прозорци.
Пунктот ќе биде кај трговскиот центар „Ист гејт мол“, во близина на комуналното претпријатие, а акцијата е во координација со Коалицијата предводена од „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерација на Синдикалните организации на Македонија КСОМ и ИПО Интернационална Полициска Организација.
Организаторите велат дека се водела голема Фејсбук кампања за отворањето на хуманитарниот пункт, а веќе имаат собрано лекови и се надеваат дека за четири до пет дена ќе се координираат сите со автомобили и со комбиња за да ги однесат до семејствата.