Од полноќ цените на нафтените деривати ќе се намалат
Еуродизел БС (Д-Е V) – 72,50 (денари/литар)
Горивата од денеска на полноќ ќе изнесуваат: моторен бензин – еуросупер БС 95 – 80,50 (денари/литар), еуросупер БС 98 – 83 (денари/литар), дизел гориво – еуродизел БС (Д-Е V) – 72,50 (денари/литар), масло за горење – екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -71 (денари/литар), мазут М-1 НС – 44,060 (денари/килограм).
РКЕ ги објави и највисоките набавни цени: моторен бензин еуросупер БС 95 – 38,414 (денари/литар), моторен бензин еуросупер БС 98 – 40,226 (денари/литар), дизел гориво – еуродизел (Д-Е V) – 38,520 (денари/литар), масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 37,371 (денари/литар), мазут М-1 НС – 33,449 (денари/килограм.)
Во највисоките малопродажни цени со оваа oдлука содржан е надоместокот за трошоци за работење преку склад и трговска маржа, којшто за еуросупер БС 95 е во износ од 5,836 денари/литар, за еуросупер БС-98 е во износ од 6,143 денари/литар, за еуродизел БС (Д-Е V) е во износ од 6,091 денари/литар и за екстра лесно 1 (ЕЛ-1) е во износ од 5,958 денари/литар, додека за Мазутот М-1 НС надоместокот е во износ од 3 денари за килограм.
Надоместокот за транспортни трошоци од склад до бензински станици е еден денар за литар за сите нафтени деривати.
Надоместокот за животната средина изнесува – моторен бензин еуросупер БС 95 – 0,080 (денари/литар), моторен бензин еуросупер БС 98 – 0,080 (денари/литар), дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) – 0,030 (денари/литар), масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 0,040 (денари/литар), мазут М-1 НС – 0,050 (денари/килограм)
Надоместокот за задолжителни резерви за еуросупер БС 95 изнесува 0,890 (денари/литар), за еуросупер БС 98 – 0,890 (денари/литар), дизел гориво еуродизџел БС (Д-Е V) – 0,300 (денари/литар), масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 0,300 (денари/литар) и мазут М-1 НС – 0,740 (денари/килограм).
Акцизите на малопродажните цени изнесуваат: еуросупер БС 95 – 22,00 (денари/литар), еуросупер БС 98 – 22 (денари/литар), дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) – 15,50 (денари/литар), масло за горење – екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 15,50 (денари/литар), мазут М-1 НС – 0,1 (денари/килограм).