Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Трипуновски на состанок со Потсекторската група за лозарство и вино
Се разговараше за претстојната берба на винско грозје, приноси и квалитетот.
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на состанокот на Потсекторската група за лозарство и вино.
На состанокот се разговараше за претстојната берба на винско грозје, приноси и квалитетот.
Министерот вети дека ќе се вреднува трудот на лозарите и Министерството ќе биде коректив.
Во текот на денот Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја објави производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, Вранец и Смедеревката.