fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Црна Гора воведува две минимални плати – од 600 и 800 евра

Без факултет минималецот би бил 600, со факултет 800 евра

Црна Гора воведува две минимални плати за вработените во зависност од образованието. За оние со средно и пониско образование минималецот би бил 600, а за вработените со више и повисоко образование од тоа – 800 евра.

Ваква измена на Законот за труд изгласа Социјалниот совет, а останува уште да ја усвои Собранието. Социјалниот совет го сочинуваат по осум претставници на Владата и на Унијата на работодавци и по четири на Сојузот на синдикати и Унијата на слободни синдикати. Против гласаа сите четворица претстравници на Унијата на слободни синдикати бидејќи сметаат дека таква поделба на две минимални плати е во спротивност со самата дефиниција и проирода на минималната заработа, како и дека не е во соглсасност со конвенцијата на Меѓународната организација на трудот и со Директивата на ЕУ. Сојузот на сидникатите и Унијата на работодавци соопштија дека го поддржуваат предлогот, но некои нивни претставнции не гласа  „за“. Ова е првпат одлука во Социјалниот совет да се носи со надгласување, а не со консензус.

Воведување две минимални плати е дел од нацртот на фискалната стратегија на Владата, како и на политичката програма “Европа сега 2” за да може статистички да се дојде до просечна заработка од 1.000 евра. Премиерот Милојко Спајиќ ја поздрави одлуката за зголемување на минимланата плата.

-Ја поздравувам одлуката на Социјалниот совет да го поддржи зголемувањето на минималната плата како главна мерка од програмата „Европа сега 2”. Се бориме за подобар стандард и достоинствен живот на сите наши граѓани, напиша тој на Икс.

Во 2020 година минималната плата изнесувала 222 евра, па со најавеното зголемување таа би се зголемила за речиси четирипати.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close