fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиВкусот на традицијатаРурален туризамСоветиТоп вести

Како се прави македонско сос макало од лук и лути печени пиперки

Макалото можете да го уживате и за време на постот, а е многу ароматичено и со интензивен вкус.

Макалото можете да го уживате и за време на постот, а е многу ароматичено и со интензивен вкус.

Состојки:
3 глави лук
10 лажици масло
сол, по вкус
5 супени лажици оцет
600 мл млака вода
5 мали, лути печени пиперки

Подготовка:

За да го направите макалото, прво подгответе го лукот. Исчистете го и измијте го и изблендирајте го во блендер. Посолете го и продолжете со мешањето додека не добие конзистентност како мајонез.

Префрлете го во сад и додадете масло и убаво измешајте. После тоа, постепено додавајте оцет, па вода и промешајте по секое додавање. Додадете лути пиперки и послужете. Уживајте!

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close