Населението во Пустец се „стопи“
Во периодот меѓу двата пописа, 2011-2023 година, бројот на населението во Пустец се намалил за 43 отсто, односно од околу 5.000 на над 1.880.
Драстично опаднал бројот на жители во Пустец.
Резултатите од пописот на населението во Албанија покажуваат дека општина Пустец, единствената македонска општина во државата, е меѓу четирите општини со најголем пад на бројот на жителите, пишува Фактор.
Во периодот меѓу двата пописа, 2011-2023 година, бројот на населението во Пустец се намалил за 43 отсто, односно од околу 5.000 на над 1.880.
Пустец е меѓу 55 општини во Албанија каде е регистрирано намалување на бројот на населението, стои во анализата на весникот „Монитор”. Процентуално, општини со најголем пад на населението, меѓу двата пописа, се општина Селеница со 48 отсто, Пук со 44 отсто, Пустец и Рогожина со 43 отсто.
Од вкупно 61 општина, колку што се, според последната територијална поделба, само во 6 од нив има зголемување на популацијата.
Податоците од пописот од 2023 година покажуваат дека има значително зголемување на населението во општините каде што доминира грчкото малцинство и тоа Дропул за 135 отсто, Химара со 45 отсто, Саранда со 11 отсто. Во Тирана бројот на жители е поголем за 7,3 отсто. На пописот, се појави и бугарско малцинство во Албанија, односно дел од Македонците се изјасниле како Бугари поради тоа што добиле привилегии, бугарски пасоши, стипендии и слично. Македонците од Албанија обвинија за фалсификат.
фото МИА