Земјоделците од Општина Јегуновце добија канцеларија на МЗШВ за да можат да аплицираат за субвенции
Трипуновски истакнува дека земјоделците од општина Јегуновце повеќе нема да се мачат и да патуваат до Тетово, за да аплицираат или пак да проверат дали нивната апликација е во ред.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на отворање на подрачна единица при МЗШВ во општина Јегуновце, соопштија од Министерството.
Во соопштението се наведува дека отсега, Министерството преку подрачните единици ќе биде сериозен сервис на самите земјоделци.
Во писмената изјава на Трипуновски се истакнува дека земјоделците од општина Јегуновце повеќе нема да се мачат и да патуваат до Тетово, за да аплицираат или пак да проверат дали нивната апликација е во ред.
-Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство отсега ќе биде поблиску до земјоделците и ќе работи за нив, се нагласува во изјавата на министерот.
Тој најавил дека наредната година, Министерството ќе инвестира во техничкиот капацитет на секоја подрачна единица и канцеларија за да се зголеми функционалноста на истите.
Од МЗШВ потсетуваат дека министерот претходно најавил дека ќе се отвораат подрачни единици и канцеларии во речиси секоја рурална општина, за да се биде поблиску до земјоделците