fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Цената за „капијата“ останува загарантирана, вели Анакиев

Договорената цена останува загарантирана, и покрај неопходниот период на забавен тек на откупот, поради комплексноста на самиот производствен процес, но и краткиот рок на свежина на производот.

директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, заедно со инспекторскиот тим, беше во посета на преработувачите на пиперка ајварка во Гевгелискиот регион.

Посетата се одвива како резултат на загриженоста на земјоделците за малиот застој во текот на откупот на пиперката куртова капија. Како што информираат преработувачите, простор за загриженост нема и тие апелираат за смиреност кај земјоделците. Тие гарантираат дека сите произведени количини ќе бидат откупени во целост, веднаш откако тие ќе успеат да го преработат оние капацитети кои веќе ги имаат откупено.

Како што информира директорот Анакиев, договорената цена останува загарантирана, и покрај неопходниот период на забавен тек на откупот, поради комплексноста на самиот производствен процес, но и краткиот рок на свежина на производот. Инспекторатот за земјоделство, и понатаму е активно на терен следејќи го текот на откупот од производителите, до откупувачите и крајно до преработувачите, велат од инспекторатот. 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close