fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Фатен е пироман од село Кременица кој запалил оган кај фабрика за вода

Станува збор за И.Т.(27) од село Кременица

Во битолското село Кременица синоќа во 19.20 часот полициски службеници од Полициското одделение Велушина при СВР Битола го лишиле од слобода И.Т.(27) од село Кременица.

МВР денеска соопшти дека тој бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола.

– При преглед кај И.Т. била пронајдена запалка со која го предизвикал пожарот. И.Т. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава, соопштија од МВР.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close