fbpx
Без категорија

Од денес поевтин е и бензинот и дизелот

Дизелот, од полноќ е поевтин за денар по литар и се точи по 68,5 денари.

Од денес поевтино се продаваат и  бензините и дизелот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, РКЕ.

Според последната одлука, Еуросупер 95 поевтин е за половина денар – 74 денари литар.

За два денара по литар е намалена  цената и на Еуросупер 98, и неговата нова цена изнесува 76,5 денари за еден литар.

Дизелот, од полноќ е поевтин за денар по литар и се точи по 68,5 денари.

Непроменета остануваат цените на Метанот и на автоплинот, 65 денари за килограм, односно 41,5 денари за килограм.

Цената на Мазутот, од 44,780 денари за килограм, се намалува на 43,507 денари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close