До ноември ќе бидат исплатени субвенции и за млекарите и за овошарите и за полјоделците, вели министерот Трипуновски
Знам дека има нетрпение кај земјоделците, вели министерот
„Во последниот период исплативме околу 15 милиони евра субвеции, со ребалансот на буџетот обезбедивме дополнително скоро 20 милиони евра што ќе бидат исплатени со динамика кон сите земјоделци. Сакаме да ставиме чиста сметка, исплатени субвенции заклучно до 2023 година. Знам дека има нетрпение кај земјоделците, меѓутоа најавуваме еден сериозен план и во наредните месец и пол до два ќе ги исплатиме и млекопризводителите, полјоделците и овоштарите. Како влада покажавме дека имаме сериозен акцент на земјоделското производство кое за жал е уништено. Владата во изминатите седници донесе и дополнителни мерки за земјоделците за пченицата и јачменот, одговори министерот Цветан Трипуновски на прашање на „Зелана берза“ кога ќе бидат исплатени заостанатите субвенции за земјоделците.
А.Блажевска