fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Златевски: Ќе бараме обесштетување од сушата според набраните количини по декар лозје

Ќе бараме обесштетување од суша согласно набраните количини по декар лозје, рече денеска Јован Златевски, претседател на Сојуз на здруженија на лозари

Ќе бараме обесштетување од суша согласно набраните количини по декар лозје, рече денеска Јован Златевски, претседател на Сојуз на здруженија на лозари и претседател на потсекторска група за лозарство и винарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– На наредниот состанок на потсекторската група, ќе го отворам ова прашање, со цел да се разгледаат проблемите на лозарите. Производителите на грозје се соочуваат со сериозни последици од летната суша, дури и до стотина проценти. Иако е при крај, уште трае гроздоберот. Чекаме да заврши гроздоберската сезона, па да се сретнеме и да поразговараме за проблемот и да изнајдеме соодветно решение, појасни Златевски за МИА.

Тој додаде дека истовремено, се согледуваат штетите на терен.

– Ние не сме за тоа, сите лозари да бидат обесштетени, бидејќи не сите имаат штети од сушата. Последици имаат тие кои стопанисуваат со лозја на суво, но и тие кои, иако имаат земјоделски имоти што условно речено можат да се наводнуваат, но, од најразлични објективни причини, наводнувањето не било реализирано, или било недоволно. Затоа, нашиот предлог најверојатно ќе биде, да добијат обесштетување, на пример, сите тие кои добиле под еден тон грозје од еден декар земјоделска површина, истакна Златевски.

Тој изрази надеж дека надлежните во државата ќе прогласат елементарна непогода суша и ќе донесат одлука за обесштетување на лозарите, поради намалениот принос во лозовите плантажи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close