fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаМлад земјоделецРурален туризамСоветиТоп вести

На земјоделски и прехранбени производи рабатот е 10%

Стапува на сила Законот за нефер трговски практики, ќе поевтинат 2.500 производи

Стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој дополнително треба да ги намали цените на производите и треба трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени.

Вчера заврши преодниот период рок на Законот од 6 месеци за да ги усогласат договорите со одредбите на овој закон добавувачите и купувачите кои склучиле договори за снабдување на земјоделски и прехранбени производи до денот на влегување во сила на овој закон. Во спротивно, тие договори ќе станат ништовни.

„Тоа значи дека сабота е крајниот рок до кој купувачите и добавувачите треба да склучат нови договори за снабдување на земјоделски и прехранбени производи во кои на 10% е ограничен рабатот и дополнителните трошоци односно надоместоци. Листата на земјоделски и прехранбени производи содржи 2.548 тарифни броеви. Тука се производите кои се со 5 отсто ДДВ и 10 орсто ДДВ“, вели министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Тој објаснува дека надоместоци се дозволени не повисоко од 10 отсто од остварениот промет во тековната година, за: ставање на полици на продажното место на купувачот, за рекламирање на земјоделски и прехранбени производи, за маркетинг на земјоделски и прехранбени производи, за ангажирање на персонал за опремување на просториите на купувачот во кои се врши продажба на земјоделски и прехранбени производи и рабат (национално утврдување).

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close