fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Оризарите очекуваат богата жетва и добар квалитет на оризот

Од 2025 година, оризот согласно Законот за стокови резерви ќе се откупува за чување за потребите на државата

Почна жетвата на оризот, а од разговорите со земјоделците првичните информации говорат дека ќе има зголемен род, богата жетва и согласно тоа квалитетот ќе биде добар. Инспекторите од ДИЗ ќе бидат постојано на терен и ќе го следат претстојниот откуп, со што се гарантира заштита на производителите.

Загриженоста на производителите во однос на државните резерви на увозен ориз, според информации на инспекторатот, министерот за земјоделство Трипуновски информираше дека нема простор за загриженост бидејќи во Република Македонија сериозна количина на увозен ориз нема, и онаа количина што е во минимални рамки, се контролира во однос на квалитетот и безбедноста.

Во својата изјава министерот се осврна и на тоа дали домашниот ориз ќе се откупува за стокови резерви при што посочи

„Веќе со заклучок на Влада задолжена е Агенцијата за стокови резерви да ги измени сите правилници, уредби и програми и нормално да се предвидат средства за 2025-та година каде што оризот согласно Законот за стокови резерви ќе се откупува за чување за потребите на државата“.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close