fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

За само 100 дена исплатени се 75.640.400 денари заостанати субвенции

Министерството беше целосно девастирано, во долгови, неисплатени плати, заостанати субвенции, целосно закочени проекти, но и сериозни сомнежи за криминал од претходното раководство.

Интегрален текст од прес конференција – 02.10.2024

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани граѓани,
100 дена посветено работевме и покажавме дека може и мора да се работи исклучиво во интерес на македонските земјоделци.
За жал, на почетокот морам да констатирам дека Министерството беше целосно девастирано, во долгови, неисплатени плати, заостанати субвенции, целосно закочени проекти, но и сериозни сомнежи за криминал од претходното раководство. Со еден збор наследив хаос и тотално безредие.
Но, изговори не смее да има. Ниту земјоделците, ниту граѓаните не смеат и не се должни да ги слушаат оправдувањата. Нашата обврска е да работиме за подобрување на работите.
Ние се обврзавме на целосна трансформација на државата и целосно ресетирање на системот и конечно ставање на институциите во функција на земјоделците.
Ова е Влада на земјоделците, и наш приоритет е да покажеме и докажеме дека земјоделците се нашиот партнер и заедно ќе ги креираме сите земјоделски политики.
Токму затоа на првите владини седници донесовме одлука за исплата на повеќе од 600 милиони денари за заостанати субвенции од минатото, а во годината која што ќе следи ќе се исплаќаат и заостанатите и ќе продолжиме со редовно сервисирање на тековните субвенции.
Проблем со кој се соочивме на самиот почеток беа и заостанатите плати на ЈП Национални шуми, и вработените во АД Водостопанство, каде што имаше неисплатени за 4 месечни плати. И претходната власт ги остави повеќе од 3.000 вработени во овие две институции без животна егзистенција. И затоа со ребалансот на Буџетот се обезбедија 350 милиони денари и истите средства беа префрлени до институциите и платите беа експресно исплатени.
Лошите политики на претходниот министер, Македонија ја направија увозно-зависна од храна.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close