fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Кавадаречката Стил-М АБЦ отвара нова фабрика во Градско, се бараат работници

Прочитајте кои профили на работници се бараат

Кавадаречката фирма за челични цевки Стил-М АБЦ ДООЕЛ во ноември стартува со производство во нова фабрика во Општината Градско. Станува збор за инвестиција од 10 милиони евра, а во истата се планира да се вработат околу 100 лица од Градско и поширокиот регион на Тиквешијата.

Градоначалникот на Градско објави на фејсбук дека се бараат работници од неколку профили.

За потребите на Стил-М АБЦ ДООЕЛ за новиот објект во Општина Градско потребни се работници за следниве позиции
-1 книговодител (Потребно е да има завршен Економски факултет отсек сметководство и ревизија)
-5 комерцијалисти ( Кандидадите е потребно да имаат завршено Економски факултет Задолжително познавање на Англиски јазик а приоритет ќе имаат кандидатите со познавање Германски јазик )
– 2 Машински инжинери (1 Маш. инжинер со работно искуство и 1 Маш. инжинер без работно искуство)
– 2 Магационери ( Минимален степен на образование ССС )
-8 Виљушкари ( ССС и Сертификат за виљушкар)
-6 Кранисти (ССС и Сертификат за кранист -8 Оператори на машини (ССС)
-6 Заварувачи (ССС)
– 7 Возачи со Е категорија со работно искуство
-1 Кувар (ССС и најмалку 2 години работно искуство)
– 1 Помошник кувар (ССС)
Огласот се однесува на Општина Градско и предност имаат кандидатите од Општина Градско . Почеток на работењето е Ноември 2024г
Лице за контакт :Ангела 078 637 031
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close