fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бараат работа а не завршиле ниту основно образование

Во јули како невработени биле пријавени 98.976 граѓани.

Лицата без образование, но и оние со некомплетно образование се најбројните „трагачи“ по работа. Иако бројот на невработени граѓани кои бараат работа и се пријавени во Агенцијата за вработување на Македонија бележи континуиран пад, има одредени „аномалии“ на пазарот кои загрижуваат. Последните податоци покажуваат дека и во јули бил забележан пад, со што бројката на лица кои се водат како невработени се спушти под границата од 100 илјади невработени, објави faktor.mk

Имено, последните податоци на Агенцијата објавени на нивната веб страна покажаа дека во јули како невработени биле пријавени 98.976 граѓани. Вреди да се напомене дека уште 46.291 лица се пријавиле во Агенцијата како лица кои бараат работа.

Иако бројот на лица кои се навработени и кои се во потрага по работа се намалува, сепак, загрижува фактот што одредени лица со години се водат како невработени и тешко успеаваат да најдат работа, но и податокот дека најголем дел од невработените се без образование или со ниско образование.

Бројките откриваат дека од вкупно 98.976 невработени дури 51.560 се жени. Притоа најголем број од невработените се во категорија без образование или со основно образование и тоа дури 60.307 од пријавените невработени лица. Притоа од овие 60 илјади невработи, 32.737 се жени.

Следна голема група се невработените со завршено средно образование. Тука како невработени се пријавиле 23.221, а од нив 11.457 се жени.

Граѓани кои се невработени и кои имаат непотполно средно образование се 8.134, а од нив 2.635 се невработени.

Со високо образование се 6.127 лица, од кои дури 4.048 се жени.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close