fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

УЈП ја објави листата на должници

Кои се десетте фирми што должат милиони

Речиси 12 милијарди денари брои листата на должници кон државата . УЈП ја објави најновата листа за октомври која опфаќа  доспеани  долгови до   30. Јуни 2024 и неплатени до крајот на септември. На листата се наоѓаат 1976 правни лица и 3786 физички лица. Вкупниот нето долг на овие должници изнесува 11.042.537.967 денари,објави  alfa.mk

Според извештајот на УЈП се забележува напредок во наплатата на даноци и придонеси иако се уште постојат значителен број  кои не си ги плаќаат обврските кон државата. Забележливо е намалување на долгот во однос на претходните податоци што е резултат на подобрување на механизмите за наплата и зголемување на свесноста за фискална дисциплина

  • Овој износ претставува значителна сума и укажува на потребата за подобрување на платните обврски во економијата. Во вкупниот долг, нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.884.428.089 денари, каде се бележи намалување од 45.943.439 денари во однос на претходната објава. Долгот за царински давачки изнесува 158.109.878 денари, што е намалување од 18.931.314 денари во однос на претходната листа“ велат од УЈП.

Она што е интересно е дека на листата се наоѓа и компанијата МР – Крмзов од Струмица  која по основ на данок на добивка должи 41 900 145 денари .

Истражните органи влегоја во магацините на бизнисменот Крмзов кој важи за близок на семејството на поранешниот премиер Заев  во Струмица минатиот месец и има отворен предмет во обвинителството  за оштетување на буџетот.

Инаку, Објавувањето на листата на должници има за цел не само да ја поттикне одговорноста кај должниците, туку и да информира јавноста за статусот на долговите во државата. Од УЈП велат дека активно продолжуваат да работат на подобрување на механизмите за наплата и на зголемување на свесноста за важноста на фискалната дисциплина во општеството, пренесува Алфа телевизија.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close