Златко Иванов од Валандово собира околу 20 тони маслинки годишно
За жал производителите немаат пласман на големо
„Овде имаме плод и од страните и од врвот. Овде има многу. Стар е 4 до 5 години. И тука имаме можеби 10 килограми. Да.”
Кај нас само што започна бербата на маслинки. Иако многу малку земјоделци кај нас се занимаваат со одгледување маслинки, сепак се соочуваат со многу предизвици до продажбата на финалниот производ. Златко Иванов од Валандово собира околу 20 тони маслинки годишно, но најголем предизвик од година во година е продажбата на производството и немањето работна сила за берба на маслинките, објави alsat.mk
Во овој дел маслинките се берат на традиционален начин и се работи напорно, но тоа што нема работници уште повеќе ја отежнува работата.
Ирена е регистрирана како земјоделец. Освен што работи во плантажата за маслинки, таа се занимава и со нивна продажба и тоа само преку социјалните мрежи. Таа вели дека работа е тешка и бара посветеност во текот на целата година за да се дојде до добар производ.
Помошта од државата, особено за земјоделците, е многу важна според Ирена Иванова, која додава дека поради немање безбеден собирен пункт за маслинки, нејзиното петчлено семејство во Валандово не може да го прошири овој семеен бизнис. Освен во Валандово, и во некои други градови од земјава, поради добрите климатски услови, маслинките достигнуваат висок квалитет, додека цената на локалните маслинки е многу поевтина од увозните маслинки./Aлсат.мк
Авни Тахири