fbpx
Агро бизнисВестиДвор и градинаЕкологијаМакедонијаТоп вести

Американец одгледал тиква тешка повеќе од 1.120 килограми

Овогодинешната дождлива и студена есен можеби влијаела на растењето на тиквите.

Тревис Гинџер, наставник по земјоделство од американската сојузна држава Минесота, одгледал тиква тешка тон и 121 килограм.

Тој победи на натпреварот што се одржува секоја година во Калифорнија.

Американските медиуми објавија дека 51. Светско првенство во тиква се одржало во заливот Халф Мун, јужно од Сан Франциско.

Учествуваа одгледувачи од различни делови на земјата.

Победник беше Гинџер, кој одгледа тиква тешка тон и 121 килограм. Ова е негова четврта победа во ова натпреварување.

Тој изјави дека годинава се фокусирал на здрава почва, но овогодинешната дождлива и студена есен можеби влијаела на растењето на тиквите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close