Анализа на „Пари“: Во цел регион платите растат, а само кај нас паѓаат!?
Македонија и натаму е на дното по однос на платите
Недостигот на работна сила значително ја коригира цената на трудот, но последните статистички податоци открија огромен парадокс: просечната нето-плата се намали за речиси 1.000 денари! Последните статистички податоци се однесуваат за јули, кога просечната исплатена нето-плата била 40.961 денари, за разлика од платата во јуни, која изнесувала 41.939 денари. Интересно е, пак, што јули е месец кога пазарот на труд уште повеќе се намали со оглед на одливот на сезонски работници коишто отидоа на летна работа во регионот, но и подалеку. Но, тоа не значеше дека тие што останаа беа стимулирани со поголеми плати.
Порталот Пари анализираше дали постои некоја друга земја во регионот каде што платите се намалиле? Потврда не даде ниту еден од податоците на националните статистики. Напротив! Секаде околу нас имало раст на платите во јули во однос на јуни. Исклучок е Хрватска, но и таму немало намалување на платите, туку имало стагнација.
Месечен и годишен раст на просечните нето-плати во регионот во јули 2024 година
МАКЕДОНИЈА И ПОНАТАМУ Е НА ДНОТО ПО ОДНОС НА ПЛАТИТЕ
Тоа што е уште позагрижувачко е што платите се намалуваат, а веќе се најниски во регионот. Тоа е факт што само уште повеќе може да ја засили миграцијата на работна сила. Според податоците од националните статистики, во јули никој во регионот немал помала просечна плата од нашата.
Просечни нето-плати во јули 2024 г.
Целата анализа е достапна на следниот ЛИНК.