Мерката „зелена нафта“ ќе се менува – картици ќе земаат вистинските земјоделци
Трипуновски најавува измени. Нема веќе да има картици по 200 или 300 денари за нафта
Министерот Цветан Трупуновски при последната посета на Пелагонија најави измени на мерката „зелена нафта“. На новинарско прашање тој одговори:
-Оваа година мерката беше двојно повисока сума од 493 милиони денари, во однос на средствата што се поделија на змејоделците за ‘зелена нафта’. Јас сметам дека оваа мерка треба да претрпи модификација. Затоа што не е само да поделите сума на пари која што нема да има доволен ефект, затоа за наредната година ќе предложиме модифицирана мерка во смисла да добијат задоволителна количина нафта вистинските земјоделци. Да не бидеме како до сега да имаме картици кои ќе имаат 200-300 или 500 денари што практично не го решаваат проблемот. Туку да влеземе сериозно во инпутот на производните трошоци.
А.Блажевска