Првични резултати од повикот за ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ ЗА 2024 ГОДИНА
Битола - Согласно критериуимите во јавниот повик, вкупно беа доставени 432 апликации, од кои 130 се на прелиминарната листа на добитници, 11 се одбиени, а 291 апликација се неразгледани, поради искористување на планираните средства според критериумот во повикот – „прв аплицирал прв услужен”(со комплетна и точна документација).
Комисијата за разгледување и одлучување по апликациите на јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Битола за набавка на инвертер клима уреди за 2024 година формирана со Решение од Градоначалниoт, состави прелиминарна листа на добитници на надоместокот на апликантите кои ги исполнуваат условите до исцрпување на износот наведен во точка 3.1 од Јавниот повик.
Согласно критериуимите во јавниот повик, вкупно беа доставени 432 апликации, од кои 130 се на прелиминарната листа на добитници, 11 се одбиени, а 291 апликација се неразгледани, поради искористување на планираните средства според критериумот во повикот – „прв аплицирал прв услужен”(со комплетна и точна документација).
Од вкупно планираните средства во износ од 3.000.000 денари, доделени се 2.679.392 денари,а за персонален данок ќе бидат исплатени 297.707,35 денари.
Прелиминарните листи од јавниот повик, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/povik-klimi-2024/.
Незадоволните апликанти имаат право да поднесат приговор во рок од 3 дена по објавувањето на прелиминарната листа до Комисија за разгледување на приговори формирана од Градоначалникот составена од членови кои претходно не учествувале во резгледувањето на документацијата по наведениот јавен повик.
Пристигнатите приговори се разгледуваат во рок од 3 дена по завршување на рокот за поднесување на приговори.