fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

На 2-ри ноември ќе се одржи настан „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

МЗШВ додели 56 договори за поддршка на локални манифестации/саеми во вредност од над 6 милиони денари. Токму преку вакви настани се промовираат македонските производи, руралниот туризам и зачувување на традиционалните вредности.

На 2-ри ноември во 11.00 часот во Паркот Авионче – Ново Лисиче, општина Аеродром ќе се одржи настан „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ каде што ќе има над 300 излагачи и над 50 здруженија, федерации, индивидуални земоделци кои што ќе го промовираат нивниот домашен производ.

Со оваа манифестација ќе се промовираат нашите домашни и традиционални производи. Преку мерки во програмите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им помага на земјоделците да произведуваат повеќе храна во Македонија, со што ќе се намали увозот, а истовремено работиме да станеме препознатлив бренд во светот.

За вакви настани Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство додели 56 договори за поддршка на локални манифестации/саеми во вредност од над 6 милиони денари. Токму преку вакви настани се промовираат македонските производи, руралниот туризам и зачувување на традиционалните вредности.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close