fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиРурална ЖенаТоп вести

Американската амбасадорка Ангела Агелер проба ајвар од Милена Ангелова

Фармата на Милена Ангелова е вистински пример за успешен мал бизнис, каде се создава највкусниот домашен ајвар!, објавија од Федерацијата на фармери  

Со Американската амбасадорка Ангела Агелер и претставници од амбасадата ја посетивме фармата Везенка – малиот рај во кавадаречкото село Паликура, сопственост на Милена Ангелова. Фармата на Милена Ангелова е вистински пример за успешен мал бизнис, каде се создава највкусниот домашен ајвар!, објавија од Федерацијата на фармери
– Го истакнавме значењето на поддршката за земјоделките и руралните жени за нивно економско зајакнување  и разговаравме за развојот на земјоделството како професија, а не како социјална категорија, во која значаен дел имаат малите земјоделци, оператори со храна и малите семејни винарии.
 Посебно внимание посветивме на програмата за социјална сигурност за регистрираните земјоделки, која обезбедува надоместок за мајчинство. Истакнавме дека оваа програма мора да продолжи и да се промовира, додека не се воспостави системско решение за породилно отсуство за сите земјоделки.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close