Агро бизнисВестиВкусот на традицијатаМакедонијаТоп вести
Се бара решение за градинарите за користење на струја за испумпување на вода од бушотините
Трипуновски на средба со градинарите од село Банско
Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски објави дека бил на средба со жителите од с. Банско, струмичко каде што поразговаравме за актуелните проблеми со кои што се соочуваат.
Раноградинарството во с. Банско е градено со генерации, и така треба да продолжи и во иднина.
Оранжериите со зеленчук нема да бидат загрозени, ќе се изнајде решение како да се продолжат договорите за користење на струја за испумпување на вода од бушотините.
Градинарите ќе можат да продолжат без грижа да одгледуваат земјоделски производи под оранжериите.
Заеднички, на маса проблем по проблем ќе решаваме, земјоделството треба да се одвива без пречка.