Агро бизнисВестиМакедонијаРурален туризамТоп вести
Државата веќе не дава субвенции за оставено женско јагне, вели Митко Јанков, претседател на „Агроцентар“
Мора да се направи сточен попис и да се види колку овци, колку крави има во државата.
Митко Јанков, претседател на „Агроцентар“, вели дека не треба да одиме подалеку во Европа, да ја земеме Србија, која има двојно повисоки субвенции отколку кај нас и многу поразвиени земјоделско производство и сточарство.
– Освен што се мали субвенциите за сточарство, државата веќе не дава субвенции за оставено женско јагне, само за грло овци, кои се минимални и изнесуваат 2.000 денари, и за предадено женско јагне во кланичен капацитет, кои изнесуваат 400 денари. Субвенциите се мали, а давачките во сточарството се големи и затоа од година на година ни се намалува сточниот фонд во државата – вели Јанков за ВЕЧЕР.
Европската комисија нотира и дека земјава нема напредок во однос на интероперабилноста со системите за идентификација и за регистрација на животните за обезбедување поквалитетни податоци.