Јавен повик за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ 14.000.000,00 евра
Крајниот рок за поднесување на барањата е 20 декември 2024 година
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
на 05 ноември 2024 година објавувa
1. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Северна Македонија да достават барања за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027 за следната мерка:
1. Диверзификација на фарми и развој на бизниси.
2. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно ИПАРД Програмата 2021-2027 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.
3. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:
3.1. 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Диверзификација на фарми и развој на бизниси
Процентот се зголемува до 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци и/или сертифицирани органски производители и за колективни инвестиции.
Процентот на кофинансирање може да се зголеми за дополнителни 10% за инвестиции поврзани со управување со отпад, обновлива енергија и инвестиции од типот на циркуларна економија
Највисокото кумулативно/комбинирано ниво на поддршка не смее да надминува 75%.
Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ 14.000.000,00 евра односно 862.890.000 денари. Курсот на еврото за овој јавен повик изнесува 61.635 ден.
Потребните обрасци од „Барањето за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027“ како и „Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027“ за мерката во кои се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за финансиска поддршка ИПАРД Програмата 2021-2027, Упатство за изготвување на Деловен План / Технички Предлог Проект, Упатства за издавање на неопходната документација од надлежните институции и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.
6. Начин на поднесување на барањето:
Корисникот треба да пополни и поднесе Барање за користење средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 за мерката, Деловен План изработен согласно Упатството за изработка на Деловен План или Технички предлог проект и придружна документација како што е наведена во овој Јавен Повик.
Пополнетото Барање за користење средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 заедно со Деловниот план/Техничкиот предлог проект и целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД 2021-2027 број 02/2024 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.
По завршување на инвестицијата, корисникот е должен да достави до Агенцијата барање за исплата во рок утврден во Договорот за за финансиска поддршка.
Барање за исплата е унифициран образец кој што крајните корисници го добиваат при потпишување на договорот, за мерка 7. Барањата за исплата исто така ќе бидат достапни за подигнување во просториите на Агенцијата и од веб страната www.ipardpa.gov.mk.
Напомена: Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa потребно е корисникот да има кај себе копии од целокупната документација доставена до Агенцијата.
Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.