fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Нови директори во прилепски Тутунски комбинат

Избрани се Александар Алексовски, кој е дипломиран економист и е избран за извршен член, потоа Зоран Петрески, доктор на науки по јавна администрација, кој ќе биде извршен член, Афродита Настеска, магистер по економски науки, која исто ќе биде ќе биде извршен член.

И Тутунски комбинат од Прилеп има нов Борд на директори.

Акционерските друштва каде што Владата е мнозински сопственик, едно по едно ги менуваат досегашните членови на управните одбори, поставени од претходната власт.

По Градскиот трговски центар, на ред дојде и Тутунскиот комбинат од Прилеп.

Од компанијата преку Берзата ја информираа инвеститорската јавност за новата постава во својот Одбор на директори.

Па така, за извршни членови во одборот на директори се именувани Александар Алексовски, кој е дипломиран економист и е избран за извршен член, потоа Зоран Петрески, доктор на науки по јавна администрација, кој ќе биде извршен член, Афродита Настеска, магистер по економски науки, која исто ќе биде ќе биде извршен член.

 

За неизвршни членови на Одбор на директори се избрани Гоце Николоски, менаџер по царинско и шпедитерско работење, како и Афродита Баталоска, магистер по казнено право.

Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп за генерален директор на компанијата го избра Александар Алексовски, а за претседател на Одборот на директори е избран Сашко Вељаноски, кој е исто така дипломиран економист .

Беа отповикани претходните членови на директорскиот борд. Ова беше предложено од доминантниот акционер на Тутунски комбинат Прилеп, а тоа е Владата.

Па така, на предлог на Владата беа отповикании претходните членови на Бордот и тоа Зоран Пачешкоски, Гоце Котески и Горан Тодоров, кои беа извршни членови на Бордот, потоа Сретен Богоески и Миле Велкоски, кои беа независни и неизвршни членови, како и Златко Сарев и Милаим Амеди, кои беа неизвршни членови.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close