Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Откупот на тутунот започнува на 15 ноември
Пред почетокот на откупот на тутунот, ресорниот министер Цветан Трипуновски очекува „фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите“.
Одговарајќи на новинарски прашања изјави дека е во комуникација со сите откупувачи на тутун кои се регистрирани во Министерството и дека се прават финални подготовки за стартот на откупот на 15 ноември.
„Очекувам дека ќе имаме богат род и квалитетен тутун како и во минатото. Можеби ќе биде со намалена количина, не како во претходните години, меѓутоа очекувам да има фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите. Ние како министерство ќе го следиме процесот и сите евентуални проблеми кои би настанале, а не верувам дека ќе има, ќе ги санираме на самиот почеток“, рече Трипуновски кој денеска ја отвори манифестацијата „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“