fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Прекупците ги осакатија земјоделците: Зошто државата не ги регулира цените на производите

Многу е видливо дека во сегментот на производство на земјоделските производи имаме пазарен неуспех.

Државата во пазарна економија не треба да ги одредува цените, но препродавачите ги осакатија земјоделците и крајните купувачи во последните четири години со пандемијата, војната и со енергетската криза. Експертите по економија сметаат дека државата треба да се замеша повеќе, односно да го регулира пазарот на земјоделски производи за да ги заштити земјоделците и крајните купувачи, објави fokus.mk

– Треба, јас тоа го зборувам со години и ниедна влада не сака да размислува за проблемот. Многу е видливо дека во сегментот на производство на земјоделските производи имаме пазарен неуспех.

Производители се многумина, често ситни и немоќни и тие се онаа инфериорна страна. Препродавачите се малкумина и многу моќни. Секаде каде што ќе се сретнат такви страни, пазарот покажува неуспех и е потребно регулатор да воспостави баланс, рамнотежа и фер односи меѓу нив.
Ние имаме комисија за енергетика бидејќи на пазарот на енергија имаме пазарен неуспех, имаме агенција за аудиовизуелни услуги, имаме разни места каде што има пазарен регулатор, имаме народна банка која прави супервизија на банкарскиот сектор. Зошто за земјоделски производи го нема тоа, е истиот проблем?

Министерството за земјоделие треба да формира своја агенција, која во тој сегмент ќе биде добра алка. Не е лесна задача, регулирањето на пазарот е многу тешка економска политика. Меѓутоа ако почне една влада, за одредено време ќе ги научиме работите и ако има желба, ќе може многу работи да се подобрат – смета универзитетскиот професор д-р Ванчо Узунов.

Од времето на Никола Груевски, па наваму, нема влада што не одвојува огромни суми за субвенции во земјоделието, а резултатите се намалено производство, ниски откупни цени, мал извоз и намалени обработливи површини. Во воздух се фрлени неколку милијарди евра без ефект.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close