fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Бобан Стошевски- Ако медот е 300 денари не може да биде вистински, реалната цена е 600 денари

Стошевски со пчеларство се занимава веќе 11 години, а неговите 250 кошници се наоѓаат во селата Драгоманце, Врачовце и Младо Нагоричане.

Контактот со природата, спокојот и мирот кој го дава пчеларството, зуењето на инсектите е доказ за сите бенефити. Само погледнете колку години живеат пчеларите и колку се витални. На 75-годишна возраст редовно си ги одржуваат кошниците, а имаме активни членови и од 80, 85, 90 години“, тврди Бобан Стошевски, пчелар и претседател на Здружението „Пчела“ од Куманово, објави kumanovonews.mk

Стошевски со пчеларство се занимава веќе 11 години, а неговите 250 кошници се наоѓаат во селата Драгоманце, Врачовце и Младо Нагоричане. Иако немале семејна традиција во пчеларството, денеска со неговиот брат но Сашо создале мало пчеларско царство.

На имотот во Драгоманце има и кабини за апиинхалициона терапија, наменети за возрасните, а посебно за децата со астма, бронхитис, белодробни заболувања, проблеми со дишните патишта, инфекции и алергии, главоболки и мигрена, а го подобрува и имуниот систем. Тоа е првата таква комора во Североисточниот регион, отворена пред две години. Придобивките од ваквиот вид терапија е огромен, се олеснува дишењето, оние со полесни облици на некое заболување и целосно ги исфрлаат лекарствата, а се подобрува и сонот, што е доказ за бенефититет за целокупното психофизичко здравје.

„Започнав во 2013 со само 17 кошници, но претходно многу читав за пчеларството и се информирав од луѓето кои веќе имаат богато искуство. Толку бев занесен, кога ќе си легнев и замижев пред очи ми летаа пчелки, тлееше таа желба во мене. Додека сум жив нема да ги оставам пчелките“, сигурен е Бобан.

Стошевски вели дека медот е единствен производ на светот кој не се конзервира, пчелите ставаат во него се што е потребно, и тој не може да се расипе. Затоа е возможно и урбано пчеларство, бидејќи пчелката кога е заразена, или ќе собере отровна материја не се враќа во кошничката.

Убавината на оваа дејност ја валкаат луѓето кои сакаат да профитираат на нечесен начин. Граѓаните често се жалат дека на пазарот има неквалитетен мед, кои тие не можат да го препознаат. Искусниот пчелар советува дека најдобра заштита е да се внимава на цената и од кого се купува.

„Доколку  медот се продава по 300 денари не може да биде вистински. Цената од 600 денари е реална, се што е пониско од тоа нема никаква економска логика и исплатливост. Има големи трошоци, бара љубов и посветеност. Иако цените во последниве неколку години дивеат, таа е замрзната само за да ги научиме сограѓаните да јадат мед. Статистиката покажува дека еден Македонец не троши ниту тегла мед годишно, што е страшно ниска бројка, на последно место сме во Европа по конзумација на производот“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close