fbpx
Агро бизнисВестиВкусот на традицијатаЕкологијаМакедонијаРурален туризамРурална ЖенаТоп вести

Сточарот Марјанчо Стојаноски – Да се врати субвенцијата за оставено женско јагне и навреме да се исплаќаат субвенциите оти пропаднавме

Кланичарите со наша пот ги направивме газди, велат сточарите

 

Марјанчо Стојаноски од Ново Селани, прилепско има 50 години а потекнува од фамилија на сточари кои чувале 200 години овци. Сточарот сега во својата фарма чува 320 овци и околу петнаесетина кози и јасно кажува дека последниот период е исклучително тежок за сточарите кои многу вложуваат и трошат за храна на  стоката, а не ги добиваат на време субвенции од државата.

Стојаноски вели дека е голема грешка на државата што ја укина субвенцијата за оставено женско јагне и што добивањето на субвенции им зависи од тоа колку јагниња ќе предадат  во кланица. Во целост Марјанчо апелира субвенциите за сточарите да се зголемат за да можат да опстојат.

„Мојата фамилија огледува овци два века, но како врви времето е се потешко за сточарите. Субвенциите не се плаќаат навреме, а се укина и субвенцијата за оставено женско јагне што за нас како овчари  е многу лошо. Сега за да земам субвенции мора половина од јагнињата да ги предадам во кланица, а тоа е над 150 јагниња на број. Кланичарите ги направиме газди на нашата пот. Под цена ни ги земаат јагнињата, ни велат еве земате по 400 денари субвенции од предадено јагне. Оваа ситуација не е добра за вистинските сточари“, вели Стојаноски за „Зелена берза“.

Поради ваквата состојба нашиот сточар предупредува дека сточарството се напушта и дека во изминатите 20 години не слушнал дека има нов регистриран млад сточар во државата.

Поради овие проблеми бара средба на сточарите со министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, со цел да ги слушне маките на фармерите. Стојаноски е потпретседател на здружението на сточари „Орлови бари“.

„Бараме да се укине законот за стари овци, оти не ни дозволија да ги предадеме до ноември и сега нема да земеме субвенции. Старите овци треба да се предадат до октомври оти подоцна никој не ни ги купува“, предупредува Стојаноски.

Сточарот е категоричен дека за Нова година килограм јагне жива мера не смее да биде под 5 евра, за да биде исплатливо.

Стојаноски загубите од ненавремените субвенции ги ублажува со производство и продажба на сирење. Годишно произведува над 200 канти сирење.

Текст Анета Блажевска

фото Марјанчо Стојаноски

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close