Агро бизнисВестиМакедонијаМлад земјоделецРурален туризамТоп вести
Државни откупни центри за заштита на земјоделците, бара Левица
Приватните откупни центри на земјоделците им даваат цени со кои не можат да си ги покријат ни трошоците за производство.
„Одделување повеќе парични средства за социјални мерки, за земјоделие, екологија и заштита од пожари, се дел од амандманите за предлог Буџетот за 2025 година, коишто ги поднесе пратеникот Сашко Јанчев од Левица“, известуваат од Левица.
Прекупците на земјоделски производи од приватните откупни центри на земјоделците им даваат цени со кои не можат да си ги покријат ни трошоците за производство. Затоа, предложен е амандман со што се предвидуваат средства за изградба на државни откупни центри во земјоделските региони. Дополнително, со цел заштита на производството од природни непогоди, предложен е и амандман за набавка на систем за заштита од град.