Во 1997 година биле произведени 14.902 тони сончоглед, лани само 5.950 тони
Во 2013 година биле произведени 3.832 тони печница, додека во 2014 производството рипнало на 9.268 тони.
Производството на сончоглед опаѓа од година во година . Ако се погледнат податоците за производството на сончоглед, бројките се поразочарувачи. Во 1997 година биле произведени 14.902 тони сончоглед, при просечни приноси од 1.129 килограми по хектар. Следната година производството паднало на 13.148 тони, по што следуваат години на постојано намалување на производството, за во 2001 година да падне на 5.475 тони или само 907 килограми просек по хектар. Во 2004 година биле прозиведени 7.764 тони сончоглед, при што просекот изнесувал 1.507 килограми по хектар. Во 2013 година биле произведени 3.832 тони печница, додека во 2014 производството рипнало на 9.268 тони. Ако во 2022 година сме имало солидно производство од 9.833 тони, минатата година производството достигнало само 5.950 тони сончоглед.