fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаМлад земјоделецТоп вести

Од денес ќе се интензивира откупот на тутунот! Се бара субвенција линеарно од 100 денари

Кога Прилепскиот тутунски комбинат ќе го почне откупот?

Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија најави дека веќе од денес  откупот на тутунот ќе се интензивира, но откупувачите молчат на барањето за зголемување на цената. Сојуз го има доставено предлогот до потсекторската група и годинава линеарното субвенционирање да биде 100 денари.

– Педесет отсто од откупните пунктови во земјава ќе се отворат и ќе се интензивира откупот на тутунот. Засега, не се знае само кога Прилепскиот тутунски комбинат ќе го почне откупот. На средбата, на откупувачите им го поставивме барањето за зголемување на цената во просек да изнесува 420 денари, но откупувачите мудро молчат и не се изјаснуваат. Ние не се откажуваме од барањето со анекс на договорите да се зголеми цената, но како што стојат работите, тоа ќе ја отежни откупната кампања – изјави Ристески.

Од 18 ноември досега се откупени околу 20 тони тутун по просечна цена од околу 370 денари за килограм. Реално родот е околу 16.000 тони.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close