fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Над 600 производи ќе поевтинат од 15 декември-лебот, житариците, млекото и млечните производи, месото

Премиерот Мицкоски верува дека нема да има манипулации

Над 600 производи од 15 декември ќе имаат намалени цени за најмалку 10 процени, а меѓу нив ќе се најдат дел од основните прехранбени производи како што се лебот, житариците, млекото и млечните производи, месото и преработките, свежи продукти, како и пијалоци, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски на пресконференција.

– Дојдовме до компромис заедно со бизнис заедницата дека од 15 декември до 15 јануари, цените на одредени производи, повеќе од 600 тини артикли, ќе бидат со  намалени цени, и истовремено ќе бидат брендирани како и досега со логото „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, за да можат да ги препознаат граѓаните – нагласува премиерот.

Тој истакна дека не станува збор за интервентна мерка, не е ограничување на цените, туку договор со сите засегнати страни, и ќе се проверува само дали се почитува договорот, со кој ќе се намалат цените на 600 прооизводи кои се одрбрани со заеднички консензус, со цел да го помогнеме стандардот на македонските граѓани.

– Целта на оваа влада е да се грижи за стандардот на граѓаните и да се вратиме на победничките патеки. Очекувам акција, ниски цени во очи на празниците, и среќни граѓани, со полни трпези за празниците кои следат – посочи Мицкоски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close