Агро бизнисВестиТоп вести
За дрога уапсен 51 годишен жител на село Грнчари
Извршен е претрес во домот и помошни простории, сопственост на Е.А. во с. Грнчари и при претресот биле пронајдени и одземени саксии со марихуана, кеси со марихуана, семки и гранки од канабис, дробилка, различни предмети за одгледување на канабис. По документирање на настанот, против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.12.2024 во 19.30 часот од страна на полициски службеници од ОВР Ресен и полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода Е.А.(51) од с.Грнчари, ресенско. По добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошни простории, сопственост на Е.А. во с. Грнчари и при претресот биле пронајдени и одземени саксии со марихуана, кеси со марихуана, семки и гранки од канабис, дробилка, различни предмети за одгледување на канабис. По документирање на настанот, против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.