fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделскиот институт при УКИМ ќе одбележи 80 години постоење

Во моментив е водечки истражувачки институт во поглед на растителното производство.

Земјоделскиот институт  при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје вечер во Музејот на македонската борба за самостојност свечено ќе одбележи 80 години од основањето.

Настанот ќе го отвори директорот на Институтот, проф. д-р Виктор Ѓамовски, а најавени се обраќања на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, и ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова.

На настанот ќе има видеопрезентација за Земјоделскиот институт, ќе бидат доделени плакети и благодарници и музичка програма со настап на Камерен оркестар и солисти на Факултетот за музичка уметност – Скопје.

Земјоделскиот институт при УКИМ е една од најстарите научно-истражувачки организации од областа на земјоделството во државава, формиран во 1944 година.

-Во моментив е водечки истражувачки институт во поглед на растителното производство. Од 2009 година функционира како единка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Главните дејности на Институтот се образованието, научното истражување и апликативната дејност на научните резултати во пракса, соопшти Институтот. хс/лв/Фото: Земјоделски институт – Скопје  .

 

Извор: МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close