Царината запленети 780 килограми тутун вредни над 50 илјади евра
Голема акција во Битола и Ресен запленила 780 килограми режан тутун со вкупна вредност од 3,4 милиони денари.
Царинската управа во голема акција во Битола и Ресен запленила 780 килограми режан тутун со вкупна вредност од 3,4 милиони денари.
Како што информираат од Царина, во акцијата биле извршени претреси на домови и помошни простории, а извршени биле и контроли на градските пазари.
– Имено, на ден 13.12.2024 година по издадена Наредба за вршење претрес на дом и други помошни простории од основен суд во Ресен, инспектори од Секторот за контрола и истраги извршија претрес на помошни простории што се користеле како дуќан од страна на лицето С.Т. од Ресен. При извршениот претрес пронајдени се околу 259 килограми режан тутун. Извршени се и контроли на градскиот пазар при што од лицето Р.Н. од Ресен одземени се 100 килограми режан тутун. Истиот ден по издадена Наредба за вршење претрес на дом и други помошни простории од основен суд во Битола извршен е претрес на помошни простории што се користеле како гаражи од страна на лицето Ѓ. К. при што се пронајдени околу 283 килограми режан тутун. Дополнително при контроли на градскиот пазар во Битола, од истото лице се одземени уште 88 килограми режан тутун, како и дополнителни 49 килограми режан тутун од лицето Т.Н, се вели во соопштението од Царинска управа.
Тројца сторители ќе одговараат кривично, а до едно лице ќе биде поднесена прекршочна пријава.