Земја имаме, но пак немаме доволно жито за да имаме 100% македонски леб
(ВИДЕО) И по 1,5 милијарда евра дадени субвенции за земјоделците, ние не можеме да обезбедиме пченица за да произведеме 100% македонски леб.
Според податоците, и по 1,5 милијарда евра дадени субвенции за земјоделците, ние не можеме да обезбедиме пченица за да произведеме 100% македонски леб, објави порталот https://pari.com.mk/
„Имаме ресурс – земјиштето е тука, но предизвикот е како да ги вратиме земјоделците на обработливите површини“, вели Трипуновски.
„Е сега, ако се задржиме да ја зголемиме продукцијата на храна, ние во моментот имаме доволно расположливо земјиште, но многу малку од тоа се обработува. Еве, ќе ја земам пченицата како стратешка култура, или една од најважните, најбитните во делот на земјоделското производство. Ние имаме голема површина, Горан, којашто ја имаме како држава, меѓутоа падот на производство на пченица ни е драстично опаднат. Ако пред 10-тина година сме имале и сме произведувале на над 80 илјади хектари од оваа стратешка култура, сме имале доволна количина за да задоволиме сопствени потреби – и во делот на сточарството, оти дел од таа пченица се користи за исхрана на стоката, и во најголем дел или речиси се, во мелничко-пекарската индустрија. И сега 10-тина години подоцна, ние имаме преполовен принос и земјоделски површини кои не се обработуваат. Значи како ресурс, земјиштето ние го имаме, категоријата земјоделци којашто постоела веќе е некако преполовена и сега нашата стратегија е како да ги вратиме земјоделците на површините.“