fbpx
Вести

Почна да функционира земјоделскиот гарантен фонд

Почна да функционира гарантниот фонд за земјоделски кредити. Како гаранција земјоделците за првата половина од кредитот можат да понудат хипотека, а за другиот дел ќе гарантира фондот.

 

pochna da funkcionira zemjodelskiot garanten fond

Решен е проблемот на земјоделците за користење на домашните или  европските пари. Почна да функционира гарантниот фонд кој се користи по принципот 50-50.

Преку него се обезбедува гаранција на 50 отсто од главницата на кредитот, а фармерот треба да ги обезбеди другите 50 проценти од бараната хипотека од страна на банката.

Ова обезбедување важи за сите земјоделски кредити. Гарантниот фонд е во висина од 20 милиони долари, а во наредните 10 години ќе се реализира преку три комерцијални банки.

Поради ниска проценка на земјоделските имоти оваа категорија граѓани тешко доаѓаат до банкарските услуги за инвестиции во нивниот бизнис.

Секторот за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со АПРЗ и комерцијални банки ќе ги презентираат можностите и условите за користење на ГАРАНТНИОТ ФОНД за земјоделците и корисниците на ИПАРД како и можностите и кои ги нуди ИПАРД Програмата.

Презентацијата ќе се одржи на 25.12.2015  во 18 часот во просториите на Советот на Општина Битола .

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close