fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Куба реши да изнајми земјоделско земјиште за одгледување ориз на Виетнам

Куба објави дека изнајмила земјоделско земјиште на виетнамска компанија за одгледување ориз, истакнувајќи дека за прв пат им го препушта одгледувањето на странци.

Државната земјоделска компанија склучила со неименувана виетнамска компанија тригодишно партнерство за заедничко одгледување житарки во покраината Пинар дел Рио, на површина од 3.000 хектари. Информацијата сигнализира дека закупот би можел да биде продолжен, а површината проширена, пишува весникот на Комунистичката партија Гранма.

„Станува збор за прв случај на отстапување земјиште на странска компанија која ќе ја преземе контролата над обработувањето“, изјави заменик директорот на агроиндустриската компанија Гранос де лос Паласиос Хорхе Фелиз Чамизо. Куба годишно консумира до 700.00 метрички тони ориз, главно увезен од Виетнам.

Но снабдувањето со оризот во изминатите години е слабо поради економската депресија предизвикана од недостигот од конвертибилни валути за увоз на храна, гориво, резервни делови, суровини и земјоделски производи.

Куба најмногу ориз произвела во 2018 година, пред почетокот на кризата, вкупно околу 250.000 метрички тони. Производството во меѓувреме паднало за повеќе од 80 отсто, според заводот за статистика.

На крајот на октомври Генералното собрание на Обединетите нации повторно со големо мнозинство гласови ги повика Соединетите Американски Држави да го прекинат ембаргото против Куба, со напомена на кубанскиот претставник дека финансиските, трговските и економските ограничувања до сега ги чинат 164 билиони долари.

Резолуцијата на ОН со која од САД се бара укинување на ембаргото ја поддржаа 187 земји. Против беа само САД и Израел, а Молдавија беше воздржана.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close