Мицкоски: Во 2024 имавме добри резултати кај лозарите, јаболкарите, тутунарите
Мицкоски потенцира дека земјоделците се приоритет на оваа Влада.
Премиерот Христијан Мицкоски потенцира дека земјоделците се приоритет на оваа Влада.
„Во 2024 година имавме добри резултати и кај лозарите, јаболкарите, тутунарите, поддршка добија и оние што произведуваат раноградинарски производи, сливарите, се обезбеди пазар и за оризот, пченицата, јачменот,… Континуирано се помагаат земјоделците, така ќе продолжиме и оваа година. Ќе има пари за директни исплаќања на земјоделците во новиот буџет. Откако сме Влада, само лани, од 24 јуни до крајот на 2024 година се префрлени над 70 милиони евра за земјоделците со што се вратени долговите и сега има тековни исплати. За 2025 година се предвидени повеќе од 7,2 милијарда денари или над 120 милиони евра директни плаќања за земјоделците од централниот буџет“, подвлече Мицкоски.